Софија Тренчовска
Родена на 9. 10. 1975 год. во Струмица. Основно и средно економско училиште завршила во родниот град. Студирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
По професија е дипломиран филолог по македонска и јужнословенска книжевност, со општа и компаративна книжевност.
Извесно време работела како новинар во дневниот весник Вечер кадешто пишувала текстови од областа на литературата и филмот и направила интервјуи со повеќе значајни личности од културата и уметноста.
Поважни авторски текстови: „Кичот како уметност“ (Лоза), „Комичната маска на Бен Акиба“ (Театарски гласник), „За филмскиот медиум“ (Акт) и др. Работела на преводи од српски/хрватски и бугарски на македонски, а за потребите на репертоарот на Народниот Театар во Штип ја превела драмата „Лари Томпсон“ од Душан Ковачевиќ.
Била главен и одговорен уредник на специјалното издание на списанието Харман. Била ангажирана во подготовка и уредување на повеќе книжевни изданија, меѓу кои и антологијата на драмолетот „Карневалски воздишки“, бројот на СУМ специјално посветен на Бекет и др.
Исто така, била директор на играната ТВ серија во шест епизоди „Мартин од скалите“.
Од своето основање е со-организатор на филмскиот фестивал Астерфест.
Датум последње измене: 2007-12-13 19:01:09
