Софија Тренчовска

Заокружен е петнаесеттиот годишник од Проектот Растко - Македонија (XV/2021)

Почитувани читатели,

 

Во овие неизвесни, но сепак книжевно продуховени денови, кога пандемијата е надвисната во целиот свет, им се заблагодарувам на сите автори и субјекти коишто останаа со буден и креативен дух, безрезервно поддржувајќи го постоењето на нашата дигитална библиотека.

Огромна благодарност и почит за професионализмот и визијата на нашите пријатели и соработници од Белград, на чело со Зоран Стефановиќ.

Во годината кога го заокружуваме 15-годишното постоење на овој сајт, ја одбележуваме и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Да се потсетиме на антологиските стихови напишани од Конески во далечната 1955 г., што звучат не само пророчки, туку и со една вонвременска поетска желба за непресушност на идеалот за слободата на мислата.

КАФЕЗ

Триесет години. И што е сторено?
Триесет скршени врчки.
Детето во мене е затворено
во еден кафез од брчки.

CAGE

Thirty years. And what ' s done?
Thirty broken urns.
The child's imprisoned in me
In a cage of wrinkled burns.

(препев Иванка Ковилоска-Попоска)

 

Софија Тренчовска, уредник

ПРОЕКТ РАСТКО — МАКЕДОНИЈА

Електронска библиотека на културата и традицијата на Македонија

На Растку објављено: 2021-12-31
Датум последње измене: 2022-01-27 20:27:47
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија