Ристо Цасконоје
Молкот на блискиот убива
(за Ристо Шишков)
Рафали резбаат простор до гушење
Истеруваат вистина! - заседнала насекаде
Стуткана пред стравот со вештачки корен
Тајната гргори меѓу нив, жртвата е земена
Отстрелот ги изостри изгубените страсти
Шумот се провлекува меѓу остриците
Истиснува живот и посакува смрт
Широко небо, македонско, нема солзи за оплакување
Крвта не беше твоја, беше дар од возвишени насмеви
Оковот на твоето посакување остана
Во молкот на дволични погледи и ракувања.
21. 10. 2000, Струмица
На Растку објављено: 2011-01-28
Датум последње измене: 2011-01-29 13:39:25
Датум последње измене: 2011-01-29 13:39:25